• петок, 26 јули 2024

Без вода дел од Гази Баба и Ѓорче Петров

Без вода дел од Гази Баба и Ѓорче Петров
Скопје, 16 февруари 2021 (МИА) – Прекин на водоснабдувањето денеска ќе имаат дел од корисниците во Гази Баба и во населба Ѓорче Петров. -Поради уличен дефект на ф-100м на улица „Сава Михајлов“ 5а во Гази Баба, прекин на водоснабдувањето ќе имаат корисниците од улиците „Сава Михајлов“ , „Тодор Чопов“, „Тодор Ецов“ и „Константин Петровиќ“. Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на активностите, информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Пради уличен дефект ф-80 мм на улица „Андреа Зограф 20б“ во Ѓорче Петров,  прекин на водоснабдувањето има кај корисниците од улиците „Андреа Зограф“, „Борис Сарафов“, „Црногорска“, „Беас Куле“, „Љубин“ и улица „Гостиварска“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато се до санирање на дефектот.ки/лв/

Остани поврзан