Без вода во недела неколку улици во населбите Камник и Ченто

Скопје, 11 јули 2025 (МИА) - Поради водоводен дефект од ф 100мм на улица „Сречко Пужалка“ бр.21, во недела (13 јули), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улиците „Методија Андоднов Ченто“, „Јужноморавски Бригади“, „Палмиро Толјати“, „Сречко Пужалка“ и „Товарник“, населба Камник, а со намален притисок ќе бидат корисниците од населба Ченто.
Од ЈП Водовод и канализација - Скопје соопштуваат дека прекинот со водоснабдувањето ќе биде од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Фото: МИА архива