• сабота, 27 јули 2024

Безживотно тело пронајдено на стариот пат Охрид - Струга

Безживотно тело пронајдено на стариот пат Охрид - Струга
Охрид, 3 мај 2021 (МИА) - Безживотно тело на женско лице е пронајдено денеска во близина на викенд-куќа крај стариот пат што води од Охрид кон Струга. Првичните непотврдени информации укажуваат дека се работи за женско лице на возраст од триесеттина години, а телото е пронајдено на потегот спроти Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“. Екипа на крим-техника на полицијата врши увид на лице место, по што ќе бидат соопштени повеќе информации за околностите и причините за настапувањето на смртта. аб/сп/

Остани поврзан