Безживотно тело извадено од Охридското Езеро
- Од водите на Охридското Езеро попладнево е извадено безживотно тело на жена, потврди за МИА портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
![Безживотно тело извадено од Охридското Езеро](https://mia.mk/index.php/images/20221113203743_big_730x400_13.webp )
Охрид, 23 август 2022 (МИА) - Од водите на Охридското Езеро попладнево е извадено безживотно тело на жена, потврди за МИА портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Според него, безживотното тело било забележано околу 16 часот во близина на Канео и во полиција било пријавено од случаен минувач.
- Извршен е увид на местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот и идентификација на лицето, изјави Димоски. сс/рп/