• сабота, 20 јули 2024

Без вода неколку скопски улици

Без вода неколку скопски улици
Скопје, 8 ноември 2022 (МИА) - Корисниците на улиците „Тетовска“, „Стив Наумов“, „Свештарот“, дел од булеварот „Кочо Рацин“, Полициската станица Пролет, Амбулантата Пролет, Градинката и СУГС Гимназија „Раде Јовчевски – Корчагин“ денеска ќе имаат прекин во водоснабдувањето, известуваат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот поради дефект на приклучна цевка Ф2 на улица „Тетовска“ 38. Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на дефектот. сх/мд/

Остани поврзан