• вторник, 24 декември 2024

Безбедна за пиење е водата од чешмите од кумановско Проевце

Безбедна за пиење е водата од чешмите од кумановско Проевце
Куманово, 4 јуни 2022 (МИА) - Минералната вода која истекува од чешмите во кумановско Проевце може да се консумира и е безбедна за пиење покажуваат податоците на Центарот за јавно здравје Куманово. Во однос на микробиолошкиот квалитет земените примероци од вода од минералната чешми од Проевце одговараат во однос на барањата за овој квалитет, потврдуваат испитувањата кои ги изврши Центарот за јавно здравје Куманово. Ова значи дека водата може да се користи, изјави доктор, Бедри Велиу, специјалист по хигиена од Центарот за јавно здравје.
Тој додава дека од бања Проевце се испитуваат двата чепови големиот и малиот чеп последните испитувања покажуваат дека се исправни. Нашите граѓани, потенцира, безбедно можат да ја пијат, нема бактерии, водата е безбедна. Геотермалниот извор, се наоѓа на само три километри од Куманово. Кумановци, граѓани од соседните општини, како и државјани на соседна Србија секојдневно полнат вода од овие чешми. ам/сст/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан