• вторник, 24 декември 2024

БДС: Благодарност до министерот Османи на неговите дипломатски напори и активности геноцидот во Сребреница да не се заборави

БДС: Благодарност до министерот Османи на неговите дипломатски напори и активности геноцидот во Сребреница да не се заборави

Скопје, 15 април 2024

Бошњачкиот демократски сојуз (БДС) како политичка партија во чиј фокус на работа се Бошњаците ја поздравува изјавата на министерот за надворешни работи на Северна Македонија, господин Бујар Османи, во која објави дека Северна Македонија одлучила да биде коспонзор на Резолуцијата во Обединетите нации за прогласување на 11 јули за Меѓународен ден за сеќавање и комеморација на геноцидот во Сребреница во 1995 година.

Министерот Османи најави дека резолуцијата ќе биде претставена на 17 април пред Генералното собрание на ОН а ќе се гласа на 2 мај и ги повика другите земји да ја поддржат резолуцијата.

Ние, Бошњачкиот демократски сојуз, изразуваме голема благодарност и почит за оваа одлука со особена благодарност до министерот Османи на неговите дипломатски напори и активности геноцидот во Сребреница да не се заборави, а воедно ова го сметаме и за братски и пријателски чин на солидарност и сочувство со нас Бошњаците.

Изразуваме надеж и очекување дека Резолцуијата ќе биде изгласана во Обединетите нации и дека 11 јули секогаш ќе биде одбележан соодветно со цел чување од заборав на жртвите од геноцидот во Сребреница.

 

Бошњачки демократски сојуз

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан