Бајлс ќе настапи во финалето на греда
- Една од најдобрите гимнастичарки на светот, Американката Симон Бајлс ќе учествува во финалето на греда на Олимпијадата во Токио, соопшти прес -службата на американската федерација за спортска

Токио, 2 август 2021 (МИА) – Една од најдобрите гимнастичарки на светот, Американката Симон Бајлс ќе учествува во финалето на греда на Олимпијадата во Токио, соопшти прес -службата на американската федерација за спортска гимнастика.
- Симон Бајлс се враќа, објавија на Твитер и од Токио 2020.
Финалето во кое ќе се појави Бајлс е закажано за утре, 3 август.
Вчера, 1 август, Бајлс се повлече од натпреварот за вежбање на партер, а претходно, 24-годишната гимнастичарка се повлече од екипните и индивидуалните натпревари во другите дисциплини поради проблеми со менталното здравје. зс/