Бајден со најава дека врз Путин ќе изврши притисок за почитување на човековите права во Русија
- Претседателот на САД, Џо Бајден изјави денеска дека „ќе изврши притисок врз рускиот претседател Владимир Путин да ги почитува човековите права“ за време на претстојниот состанок во Женева.

Вашингтон, 30 мај 2021 (МИА) - Претседателот на САД, Џо Бајден изјави денеска дека „ќе изврши притисок врз рускиот претседател Владимир Путин да ги почитува човековите права“ за време на претстојниот состанок во Женева.
- За две недели, ќе се сретнам со претседателот Путин во Женева и ќе му дадам до знаење дека нема, нема да му дозволиме да ги крши човековите права, изјави Бајден.
Средбата меѓу Бајден и Путин е закажана за 16 јуни во Женева. зш/