• сабота, 23 ноември 2024

Бајден разговара со премиерот на Шведска за влез на земјата во НАТО

Бајден разговара со премиерот на Шведска за влез на земјата во НАТО

Вашингтон, 5 јули 2023 (МИА) - Претседателот на САД, Џо Бајден, денеска во Белата куќа се среќава со премиерот на Шведска Улф Кристерсон при што двајцата ќе разговараат за барањето на Шведска за влез во воената алијанса НАТО, а во позадина на напорите да се надминат забелешките на Турција.

Средбата се случува во предвечерието на патувањето на Бајден во Европа и неговото учество на самитот на НАТО во Вилнус. Постојат сомнежи дека Турција може навреме да ги повлече своите забелешки за во текот на самитот НАТО земјите да ја примат Шведска како 32 членка на алијансата.

Средбата на Бајден со Кристерсон во Овалната соба во Белата куќа се прави да се демонстрира цврстата поддршка на САД за членството на Шведска.

-Претседателот Бајден и премиерот Кристерсон ќе ја разгледаат нашата растечка соработка во областа на безбедноста и ќе ја потврдат својата позиција за тоа дека Шведска треба да стапи во алијансата колку што е можно побргу, се вели во изјавата од Белата куќа.

Турција има забелешки за влезот на Стокхолм поради тоа што таму се кријат членови на курдски милитанти, кои турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги смета за терористи и бара нивно предавање.

Финска и Шведска заедно побараа членство во НАТО по почетокот на руската инвазија на Украина. Првата веќе стапи во алијансата како 31 членка на НАТО. кб/јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан