Бајден разговараше за војната меѓу Израел и Хамас со лидерот на ОАЕ
- Американскиот претседател Џо Бајден телефонски разговараше за војната меѓу Израел и Хамас со претседателот на Обединетите Арапски Емирати Мохамед бин Зајед, соопшти Белата куќа.

Вашингтон, 29 ноември 2023 (МИА) – Американскиот претседател Џо Бајден телефонски разговараше за војната меѓу Израел и Хамас со претседателот на Обединетите Арапски Емирати Мохамед бин Зајед, соопшти Белата куќа.
- Двајцата лидери разговараа за ситуацијата во регионот на Блискиот Исток и го поздравија неодамнешниот договор за заложници и хуманитарната пауза, што овозможи пораст на помошта за народот во Газа, се вели во соопштението во кое се додава дека Бајден „ја повторил цврстата посветеност на САД за мир и безбедност во регионот на Блискиот Исток“.
Двајцата државници разговарале и за билатералните врски и за претстојниот самит за климата КОП28 во Дубаи, на кој ќе присуствува американската потпретседателка Камала Харис. јт/
Фото: МИА архива