• понеделник, 16 декември 2024

Бајден разговарал со гувернерите на државте погодени од ураганот

Бајден разговарал со гувернерите на државте погодени од ураганот

 

Вашингтон, 30 август 2023 (МИА) Претседателот на САД Џо Бајден, изјави денеска дека претходно разговарал со гувернерите на државите кои најверојатно ќе бидат погодени од Идалија, вклучувајќи го и гувернерита на Флорида и Џорџија, Рон Деснатис и Брајан Кемп. 

Претседателот изјави дека со Десантис зборувал неколкупати и дека му потврдил дека има одобрено рано барање за објавување на вонредна состојба во Флорида во пресрет на бурата. 

-Ова овозможува да барам целосна и навремена подршка. Ослободив дополнителна федерална помош за државата да одговори, изјави Бајден, соопштија од Белата куќа.

Оттаму укажаа и дека Федералната агенција за менаџмент на вонреди состојби (ФЕМА) распоредила персонал и опрема во државата.

Во меѓувреме Идалија навлезе на територијата на Џорџија, каде е сеуште ураган што истура обилен дожд. Урагант е околу 160 километри југозападно од Савана. Тоа сега е минимален ураган со максимална брзина на ветриштата до 120 километри на час, јавуваат метереолозите. 

Американсите медиуми јавуаат за две жртви во Флoрида кои загинале во сообраќајни несреќи поради лошите услови на патот. Загинале двајца возачи во окрузите Алачуа и Паско расположени на западниот брег, јави полициската автопатна патрола на Флорида.

Вечерва, ураганот се очекува да удри во Чарлстон, Јужна Каролина, а последиците од крајбрежни поплави можат да бидат сериозни поради високата плима, предизвикана од гравитациското привлекување на полната „супер Месечина“ или „сина Месечина“, ретка појава која се случува еднаш во осум години кога земјиниот сателит е најблиску до Земјата, оддалечен 360,000 км. /кб    

Остани поврзан