• среда, 27 ноември 2024

Бајден: Налогот на Меѓународниот кривичен суд за апсење на Путин е оправдан

Бајден: Налогот на Меѓународниот кривичен суд за апсење на Путин е оправдан
Вашингтон, 18 март 2023 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден синоќа во Вашингтон изјави дека налогот на Меѓународниот кривичен суд за апсење на рускиот претседател Владимир Путин под сомнение за воени злосторства во Украина е „оправдан“.

„Јасно е дека Путин извршил воени злосторства“, рече Бајден, одговарајќи на новинарски прашања во Белата куќа.

Иако САД, како и Русија, не го признаваат тој суд, Бајден оцени дека, без разлика на тоа, одлуката на хашкиот суд „праќа многу силен сигнал“ и укажува на постапките на рускиот лидер при издавањето на наредбата за инвазија на Украина.

Меѓународниот кривичен суд со седиште во Хаг вчера издаде налог за апсење на Владимир Путин поради сомнение за нелегална депортација на деца и илегално префрлање на луѓе од територијата на Украина во Русија. паг/

 

Остани поврзан