• сабота, 28 декември 2024

Бајден му вети на Моди поддршка од САД околу состојбата со Ковид -19

Бајден му вети на Моди поддршка од САД околу состојбата со Ковид -19
Вашингтон, 26 април 2021 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден денеска на индискиот премиер Нарендра Моди му вети неопходна поддршка од САД во време кога Индија е погодена од огромен бран и скок на новозаразени со коронавирус. „Претседателот вети неопходна поддршка на САД за индискиот народ“, соопшти Белата куќа по телефонскиот разговор меѓу претседателот Бајден и индискиот претседател Нарендра Моди. Во соопштението се потсетува дека САД се обврзаа да и достават итна помош на Индија, во која ќе бидат вклучени состојки за производство на вакцини. Моди на Твитер напиша дека имал „плоден“ разговор со претседателот на САД и дека му се заблагодарува на Бајден за американската помош. Бројот на заразени со коронавирусот во Индија во последните 24 часа е зголемен за нови 349.691 лица, што четврти ден по ред земјата бележи рекорден број на случаи. Поради недостаток на медицински кислород и кревети, болниците во Њу Делхи и низ целата земја одбиваат пациенти. Неколку земји и Светската здравствена организација објавија дека итно испраќаат помош во Индија. сд/

Остани поврзан