• сабота, 21 декември 2024

Бајден: Мојата амбиција е да го зачувам единството на демократиите наспроти автократиите

Бајден: Мојата амбиција е да го зачувам единството на демократиите наспроти автократиите
Брисел, 24 март 2022 (МИА) - Претседателот на САД, Џо Бајден изјави дека има амбиција е да обезбеди целосно единство на демократските земји кои се соочуваат со сè помоќни автократии. - Мојата амбиција е да се обезбеди целосно единство на демократиите против се помоќните автократии, истакна Бајден на Самитот на лидерите на ЕУ. - Пред тоа, тој учествуваше на Самитот на НАТО и на Г-7, при што истакна дека крајна цел на рускиот претседател Владимир Путин „од самиот почеток беше распадот на НАТО“. - Неговата главна цел е да покаже дека демократиите не можат да функционираат во 21 век и дека ќе владеат автократии, истакна Бајден. - Тој на средбата со европските лидери, Бајден разговараше за дополнителни санкции против Русија и односите со Кина, која одби да ја осуди руската агресија врз Украина. - За утре е предвидено Бајден да се сретне со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и се очекува да објави план за испорака на огромни количини течен природен гас за да се намали зависноста на Европа од руската енергија. ми/

Тагови

Остани поврзан