Бајден: Крајниот рок на 31 август зависи од пристапот до аеродромот во Кабул
- Рокот за повлекување на американските војници од Авганистан (31 август) зависи од тоа дали талибанците ќе обезбедат пристап до аеродромот во Кабул, изјави американскиот претседател Џо Бајден
Вашингтон, 24 август 2021 (МИА) – Рокот за повлекување на американските војници од Авганистан (31 август) зависи од тоа дали талибанците ќе обезбедат пристап до аеродромот во Кабул, изјави американскиот претседател Џо Бајден во специјална изјава.
На самитот на Г-7, Бајден рече дека американската војска во земјата е под голем ризик од терористички напади, и тој расте од ден на ден, јави Бгнес. јт/