• сабота, 31 август 2024

Бајден и оддаде почит на кралицата Елизабета пред погребот

Бајден и оддаде почит на кралицата Елизабета пред погребот
Лондон, 18 септември 2022 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден денеска и оддаде почит на британската кралица Елизабета Втора, еден ден пред нејзиниот државен погреб, појавувајќи се на балконот на Вестминстерската сала додека редица луѓе поминуваа покрај нејзиниот ковчег. Бајден е еден од многуте државници и членови на кралски семејства од цела Европа, Азија, Африка и Америка кои ќе присуствуваат на погребот во понеделник. Стотици илјади луѓе се собраа во Лондон за да и оддадат почит на британската кралица Елизабета Втора, која почина на 8 септември на 96-годишна возраст. Американскиот претседател подоцна ќе му се придружи на британскиот крал Чарлс Трети и други светски лидери на приемот пред погребот. „Нејзиното наследство ќе биде напишано со големи букви на страниците на британската историја и во приказната за нашиот свет“, истакна Бајден во пораката со сочувство по повод смртта на кралицата Елизабета. Бајден беше еден од 14-те американски претседатели за време на 70-годишното владеење на британската кралица Елизабета. паг/    

Остани поврзан