• среда, 25 декември 2024

Бајден ги повика Американците да се обединат во борбата против расизмот

Бајден ги повика Американците да се обединат во борбата против расизмот
Вашингтон, 21 април 2021 (МИА) - Претседателот на САД, Џо Бајден синоќа, откако поранешниот полицаец Дерек Шовин беше прогласен за виновен за убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд, ги повика Американците да се обединат во борбата против расизмот. - Дојде време да се обедини земјата. Некои агитатори и екстремисти кои ја исмеваа социјалната правда, ќе се обидат да ги искористат сировите емоции. Не можеме да им дозволиме да го направат тоа, истакна Бајден во кусото обраќање од Белата куќа. Тој истакна дека пресудата можеби е момент на „значителна промена“ и ги повика Американците да не ја заборават трагичната епизода. Мораме да слушаме. Не можам да дишам, не можам да дишам, последните зборови на Џорџ Флојд. Не можеме да дозволиме да умрат со него. Мораме стално да ги слушаме тие зборови, посочи Бајден. Шовин вчера е прогласен за виновен по сите три обвиненија за смртта на Флојд. Односно тој е  виновен за убиство од втор степен, убиство од прв степен, и предизвикување смрт од небрежност. Тој се соочува со 12,5  години затвор, бидејќи претходно не е осудуван. Меѓутоа, Обвинителството може да побара казна затвор подолга од 40 години, доколку се утврди дека  имало отежнувачки околности. ми/

Остани поврзан