• сабота, 31 август 2024

Бајден во посета на Тексас, да се запознае со штетите од зимското невреме

Бајден во посета на Тексас, да се запознае со штетите од зимското невреме
Вашингтон, 26 февруари 2021 (МИА) - Претседателот на САД, Џо Бајден, денеска е во Тексас, за одблиску да се запознае со големината на штетите од катастрофалното невреме што ја зафати сојузната држава минатата недела. Зимската бура во Тексас нанесе сериозни штети на објекти и компании, остави милиони луѓе без струја и чиста вода и ги однесе животите на најмалку дваесеттина лица. Претседателот, заедно со првата дама, Џил Бајден, утринава од Вашингтон полетаа за Хјустон, каде шефот на државата се среќава со локални официјални лица, вклучително и со гувернерот републиканец, Грег Ебот, при што ќе се разгледува обновата на инфраструктурата на сојузната држава. Бајден ќе го посети и медицинскиот центар каде се врши вакцинација од Ковид-19. Претседателот планира да изрази сочувство на тексашани и да ја потврди обврската за финансиска помош на Тексас од страна на Вашингтон. Според американските медиуми, Бајден исто така ќе одржи говор за опасностите од недоволното регулирање и може да повика на федерална контрола на електродистрибуцијата на државата. -Сега сме фокусирани на помош на луѓето во сојузната држава, изјави синоќа на брифингот Џен Псаки, портпарол на Белата куќа. кб/

Остани поврзан