• понеделник, 22 јули 2024

Бајден во март ќе ја посети Канада, соопшти Белата куќа

Бајден во март ќе ја посети Канада, соопшти Белата куќа

Вашингтон, 10 јануари 2023 (МИА) – Американскиот претседател Џо Бајден ќе ја посети Канада во март, пренесоа светските агенции, повикувајќи се на соопштение на Белата куќа објавено денеска по билатералната средба меѓу Бајден и канадскиот премиер Џастин Трудо во главниот град на Мексико.

На средбата, претседателот рече дека со нетрпение ја очекува неговата посета, соопшти Белата куќа.

Ова ќе биде прва посета на американскиот претседател на Канада од почетокот на неговиот мандат во јануари 2021 година.

Бајден и Трудо се сретнаа во Мексико Сити пред 10-тиот самит на северноамерикански лидери во вклучувајчи го и мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор.

Претседателот Бајден му се заблагодари на премиерот Трудо за ангажманот на Канада во обезбедувањето безбедносна, економска и хуманитарна помош за Украина, се вели во соопштението на Белата куќа. рп/

Остани поврзан