• вторник, 24 декември 2024

Бајден во изолација сè додека не биде негативен на коронавирусот

Бајден во изолација сè додека не биде негативен на коронавирусот
Вашингтон, 5 август 2022 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден ќе остане во изолација сè додека не биде негативен на Ковид-19, изјави портпаролката на Белата куќа, Карин Жан - Пјер. Таа додаде дека неговиот лекар, Кевин О’Конор, ќе одлучи дали ќе бидат потребни два негативни теста за да се прекине изолацијата. Бајден вчера повторно беше позитивен на Ковид-19, но, тој се чувствува „многу добро“, тврди О’Конор, според соопштението што претходно го објави Белата куќа. бд/сд/

Остани поврзан