Бајден во говорот пред ГС на ОН ќе истакне дека не верува во нова Студена војна
- - Бајден утре ќе стави до знаење дека не верува во идејата за нова Студена војна со светот поделен на блокови, изјави неименуван функционер во контекст на ривалството меѓу Вашингтон и Пекинг.

Вашингтон, 20 септември 2021 (МИА) - Американскиот претседател Џозеф Бајден, кој утре треба да зборува пред Генералното собрание на ОН, ќе нагласи дека „не верува во идејата за нова Студена војна“.
- Бајден утре ќе стави до знаење дека не верува во идејата за нова Студена војна со светот поделен на блокови, изјави неименуван функционер во контекст на ривалството меѓу Вашингтон и Пекинг.
Американскиот претседател „верува во силна, интензивна и принципиелна конкуренција“, додаде истиот извор.
Според него, Бајден сака да и даде до знаење на меѓународната заедница дека „го затворил поглавјето за војната“ и дека отвора поглавје посветено на ефикасна и одлучна американска дипломатија што ќе соработува со сојузниците и партнерите во решавањето проблеми. зш/