• понеделник, 23 декември 2024

Бах: Израел не ја прекрши Олимписката повелба и затоа може да учествува на Олимпијадата

Бах: Израел не ја прекрши Олимписката повелба и затоа може да учествува на Олимпијадата

Лозана, 20 март 2024 (МИА) - Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) Томас Бах одговори на прашањето зошто на Израел, за разлика од Русија, му беше дозволено учество на Олимпијадата во Париз без никакви ограничувања.

На крајот на 2023 година, ИОК објави прием на Игрите во 2024 година на спортисти од Русија и Белорусија во индивидуален неутрален статус, со исполнување на голем број критериуми. Во исто време, руските и белоруските тимови нема да учествуваат на олимписките екипни натпревари.

Според Бах, Израелскиот олимписки комитет не ја прекршил Олимписката повелба, додека Рускиот олимписки комитет направил сериозно прекршување, бидејќи барал на спортистите од Доњецк и Луганск да им биде дозволено да учествуваат на турнирите под нејзино знаме.

Претходно, Меѓународниот олимписки комитет им забрани на руски и белоруски спортисти да учествуваат на церемонијата на отворање на Олимписките игри во 2024 година во Париз. Според Џејмс Меклод, директор на Одделот за односи со националните олимписки комитети на ИОК, на Игрите во француската престолнина можат да се квалификуваат најмногу 55 руски спортисти.

Летните олимписки игри 2024 година ќе се одржат во Париз од 26 јули до 11 август. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан