• сабота, 23 ноември 2024

Бахреин го отповика амбасадорот во Израел и ги прекина економските врски

Бахреин го отповика амбасадорот во Израел и ги прекина економските врски

Манама, 2 ноември 2023 (МИА) - Бахреин го отповика својот амбасадор во Израел, се вели во денешното соопштение на бахреинскиот парламент, додавајќи дека израелскиот амбасадор во Манама веќе го напуштил Кралството на Заливот.

Сите економски врски со Израел се запрени, како дел од мерките што Бахреин ги презеде за поддршка „на палестинската кауза и легитимните права на палестинскиот народ“, соопшти парламентот.

Бахреин воспостави дипломатски врски со Израел во 2020 година. ссм/

фото: архива

Остани поврзан