• вторник, 24 декември 2024

БАФТА 2022: „Моќта на кучето“ и „Белфаст“ се филмови на годината

БАФТА 2022: „Моќта на кучето“ и „Белфаст“ се филмови на годината
Лондон, 14 март 2022 (МИА) - „Моќта на кучето“ (Тhe Power of the Dog) e најдобар филм (вкупно две одличја од осум номинации), а „Белфаст“ најдобар британски филм за изминатава година, според признанијата на годинашното 75. доделување на наградите на Британската академија за филм и телевизија - БАФТА. „Дина“ (Dune) доби најмногу - пет статуетки од можни 11 номинации, и тоа за најдобар звук, визуелни ефекти, сценографија, оригинална музика и кинематографија. Најдобар режисер е Џејн Кемпион („Моќта на кучето“). Наградите за најдобра машка и женска главна улога отидоа кај Вил Смит („Кралот Ричард“) и Џоана Сканлан („По љубовта“). Најдобра машка и женска споредна улога: Трој Коцур („Кода“) и Аријана Дебоус („Приказна од западната страна“). Најдобро оригинално сценарио: Пол Томас Андерсон за „Ликорис Пица“. Најдобро прилагодено сценарио: Сијан Хедер за „Кода“. Најдобар филм од неанглиско говорно подрачје: „Вози го мојот автомобил“. Најдобар анимиран филм: „Енканто“ („Encanto“, „Шарм“). Свеченоста на 75. доделување на наградите „БАФТА“ се одржа синоќа во „Ројал Алберт хол“ во Лондон. Водителка беше австралиската глумица и комичарка Ребел Вилсон.  си/

Остани поврзан