• сабота, 23 ноември 2024

Батут: Во текот на август во Србија регистрирани речиси 100 нови случаи на морбили

Батут: Во текот на август во Србија регистрирани речиси 100 нови случаи на морбили

Белград, 4 септември 2024 (МИА) - Во текот на август во Србија се регистрирани 93 нови случаи на морбили, покажува најновиот извештај на Институтот за јавно здравје „Д-р Милан Јовановиќ Батут“.

Во текот на август на територијата на Нови Пазар се регистрирани 88 случаи на мали сипаници, три во Тутин и два во Белград, се прецизира во извештајот.

Од почетокот на годинава до 31 август, во Србија е потврдено дека заболеле од сипаници вкупно 348 лица.

Најголем број заболени од мали сипаници се регистрирани на територијата на округот Раш (207), во рамките на епидемијата во Нови Пазар, која беше забележана на 7 мај годинава и на територијата на градот Белград (99).

Најголем број случаи (47,1 отсто) се во возрасната група од една до четири години, каде најголем дел од болните деца (97 отсто) биле невакцинирани.

Компликација во форма на пневмонија била присутна кај 11 пациенти.

Два случаи на мали сипаници се потврдени кај деца од Република Српска кои се хоспитализирани во здравствените установи во Белград. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан