Барти стигна до шестото ВТА финале оваа сезона
- Првиот светски рекет Ешли Барти попладнево во полуфиналето на турнирот во Синсинати (САД) ја победи Анжелик Кербер со 2-0 (6:2, 7:5) и се пласира во финалето.

Синсинати, 21 август 2021(МИА) - Првиот светски рекет Ешли Барти попладнево во полуфиналето на турнирот во Синсинати (САД) ја победи Анжелик Кербер со 2-0 (6:2, 7:5) и се пласира во финалето.
За Австралијката, ова ќе биде 19-то ВТА финале во кариерата и шесто оваа сезона. Таа ќе се натпреварува за петтата титула во 2021 година и 13. во кариерата.
Во мечот со Германката Кербер, Барти ја забeлежа 39-та победа сезонава во која има и седум порази.
Ривалка на Барти во финалето ќе биде поуспешната од вечерашниот меч Каролина Плишкова (Чешка) – Жил Белен Тишман (Швајцарија). зс/