• сабота, 23 ноември 2024

Барселона ќе мора да му плати на Куман околу 20 милиони евра

Барселона ќе мора да му плати на Куман околу 20 милиони евра
Барселона, 10 ноември 2021 (МИА) - Барселона ги продолжува преговорите со поранешниот тренер на тимот Роналд Куман. Според „Sport.es“, каталонскиот клуб ќе треба да му плати на холандскиот стручњак околу 20 милиони евра. Ова се речиси сите пари што требаше да се искористат за купување играчи во јануари. Куман беше тренер на Барселона од 19 август 2020 до 27 октомври 2021 година. Под негово водство, каталонскиот клуб го освои Купот на Шпанија во сезоната 2020/21. зс/

Остани поврзан