Барселона прими осум гола, прв пат од 1946 година
- Баерн вечерва ја совлада Барселона со 8:2 во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Каталонците примија толку многу голови прв пат по далечната 1946 година.
Лисабон, 14 август 2020 (МИА) – Баерн вечерва ја совлада Барселона со 8:2 во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Каталонците примија толку многу голови прв пат по далечната 1946 година.
Тогаш Барселона загуби од Севиља во Купот на Шпанија со резултат 0:8.
Воедно, капитенот на Барселона, Лионел Меси го претрпе највисокиот пораз во неговата кариера, на клупски и репрезентативен натпревар.
Претходно Меси го имаше највисокиот пораз во дресот на Аргентина, од Боливија со 1:6 во 2009, а со Барса има загубено 0:4 од Ливерпул, ПСЖ и Баерн. зс/