Барселона постигна 100 голови 16 сезони по ред
- Фудбалерите на Барселона синоќа во рамките на 28. коло од Ла Лига го совлада Реал Сосиедад на гостински терен со резултат 6:1.

Барселона, 22 март 2021 (МИА) – Фудбалерите на Барселона синоќа во рамките на 28. коло од Ла Лига го совлада Реал Сосиедад на гостински терен со резултат 6:1.
Каталонскиот клуб има постигнато 100 погодоци на сите турнири во сезоната 2020/21.
Така, Барселона постигна најмалку 100 гола 16 последователни сезони.
После 28 одиграни кола од лигата, Барселона со 62 бода е на второто место во поредокот. Заостанува зад водечкиот Атлетико Мадрид четири бода, а има предност пред Реал Мадрид два бода. зс/