• петок, 21 февруари 2025

Барселона повтори клупски негативен рекорд

Барселона повтори клупски негативен рекорд

Хетафе, 19 јануари 2025 (МИА) - Барселона синоќа ремизираше со Хетафе (1:1) во 20. коло од шпанското фудбалско првенство.

Каталонците со овој примен гол го изедначија клупскиот анти-рекорд во Ла Лига. Имено, Барселона деветти натпревар по ред им дозволува на противниците да ја затресат мрежа.  Последен пат тоа се случи во 2018 година под водство на тренерот Ернесто Валверде.

Барселона е трета на табелата во Ла Лига со 39 бодови, пет бода помалку од лидерот Атлетико. 

Хетафе е на 16. место со 20 бодови. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан