Барселона објави за потписот на Обамејанг
- Шпанскиот фудбалски гигант Барселона денес преку Твитер објави за потпишан договор со напаѓачот Пјер-Емерик Обамејанг.

Барселона, 2 февруари 2022 (МИА) – Шпанскиот фудбалски гигант Барселона денес преку Твитер објави за потпишан договор со напаѓачот Пјер-Емерик Обамејанг.
Фудбалерот претходно во текот на денот го раскина договорот со лондонскиот Арсенал.
Соработката на Барселона со Обамејанг е со важност до летото 2025 година.
Триесет и двегодишниот Габонец на 15 натпревари за лондонскиот клуб оваа сезона постигна седум гола и даде две асистенции. зс/