Барселона му понуди на Вајналдум долгорочен договор
- Барселона му понуди долгорочен договор на играчот од средниот ред на Ливерпул, Џорџино Вајналдум, пренесува „Football Insider“.

Барселона, 11 март 2021 (МИА) - Барселона му понуди долгорочен договор на играчот од средниот ред на Ливерпул, Џорџино Вајналдум, пренесува „Football Insider“.
Според изворот, 30-годишниот Холанѓанец се согласува да се пресели во каталонскиот клуб. Договорот на фудбалерот со Ливерпул важи до крајот на јули 2021 година, а потоа тој може да го напушти тимот како слободен агент.
Во сезоната 2020/21, Вајналдум забележа 39 настапи за Ливерпул, постигнувајќи три гола. Порталот Transfermarkt.com ја проценува вредноста на играчот на 40 милиони евра. зс/