• вторник, 24 декември 2024

Барселона може да продаде 49 % од клубот за да ги реши финансиските проблеми

Барселона може да продаде 49 % од клубот за да ги реши финансиските проблеми

Барселона, 16 јуни 2023 (МИА) - Катарски или саудиски инвеститори би можеле да преземат дел од Барселона. Според новинарот на „El Chiringuito“, Хозе Алварез, раководството на каталонската фудбалска гордост размислува да ја смени својата правна форма.

 

Сега Барселона е формално непрофитна организација, во целосна сопственост на социо - членови на клубот. Каталонците размислуваат да продадат 49 % од клубот на приватен капитал за да се справат со финансиските проблеми. 

 

Барселона ја разгледува оваа опција бидејќи ситуацијата во клубот е „тешка“, изјави Алварез.

 

За таа цел, претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, во последните неколку недели ја посети Саудиска Арабија и сега е во Катар. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан