• среда, 25 декември 2024

Барселона и Милан сакаат да го ангажираат Жоржињо бесплатно во летото 2023 година

Барселона и Милан сакаат да го ангажираат Жоржињо бесплатно во летото 2023 година
Лондон, 2 ноември 2022 (МИА) - Фудбалерот од средниот ред на Челзи, Жоржињо би можел да ја продолжи кариерата во италијанската Серија А или шпанската Ла Лига. Според „Diario Sport“, за италијанскиот репрезентативец се заинтересирани Барселона и Милан. Тие веќе направија голем број потези со цел да го ангажираат фудбалерот како слободен играч во летото 2023 година. Се чини дека Барселона тешко ќе успеа да го добие родениот Бразилец, бидејќи прво ќе мора да ги намали трошоците за платите на другите играчи. Во ваква ситуација, Каталонците како адут ја имаат атрактивноста на нејзиниот проект и на фактот дека Жоржињо веќе играл во Италија. Играчот од средниот ред оваа сезона одигра 11 натпревари во Премиер лигата и постигна два гола. зс/

Остани поврзан