• петок, 05 декември 2025

Барселона и Веспрем финалисти на Супер Глоуб

Барселона и Веспрем финалисти на Супер Глоуб

Каиро, 30.септември 2025 (МИА) – Екипите на Барселона и Веспрем ќе играат во финалето на Супер Глоуб. Двете екипи постигнаа победи во денешните полуфинални дуели.

Во првото полуфинале Веспрем, кој е лански победник успеа да оствари триумф во дуелот со трикратниот победник Магдебург со 23:20.

Ракометарите на Барселона во второто полуфинале го совладаа Ал Ахли од Египет со 26:21 и ќе имаат шанса по 2019 година повторно да го освојат пехарот во ова натпреварување.

Финалето Барселона – Веспрем како и дуелот за третото место меѓу Магдебург и Ал Ахли се играат на 2.октомври. мн/

Фото: СЕХА

Остани поврзан