• сабота, 16 ноември 2024

Барселона до крајот на сезоната без Бернал

Барселона до крајот на сезоната без Бернал

 

Барселона, 9 септември 2024 (МИА) – Шпанскиот фудбалски прволигаш Барселона остана до крајот на сезоната без 17-годишниот играч за врска Марко Бернал, кој мораше да го оперира левото колено.

Бернал, кој се најде во почетниот состав за првите три кола од новата сезона, ги скина предни вкрстени лигаменти и менискусот на левото колено на натпреварот од 3. коло против Рајо Ваљекано одигран на 27 август.

Барселона ја стартуваше новата сезона во Ла Лига со максимални четири победи во воведните кола и боди на табелата со 12 бодови, четири повеќе од Реал Мадрид, на второто, Атлетико Мадрид на третото и Виљареал на четвртото место. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан