• петок, 05 декември 2025

Барселона должи за трансфери близу 160 милиони евра

Барселона должи за трансфери близу 160 милиони евра


Барселона, 9 октомври 2025 (МИА) – Вкупниот долг на Барселона кон различни клубови за реализирани трансфери изнесува 159,1 милиони евра, објави денеска шпанскиот весник Спорт.
Од оваа сума, 140,6 милиони евра се краткорочен долг, додека 18,5 милиони евра се долгорочен.
Највисок поединечен долг Барселона има кон англискиот прволигаш Лидс на кого му должи с 41,9 милиони евра за трансферот на бразилскиот напаѓач Рафиња. Трансферот беше реализиран во јули 2022 година.
Барселона имаше тешкотии со трансферите ова лето, бидејќи клубот итно требаше да генерира приходи за да може да регистрира нови играчи во своите редови.ег
ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан