• понеделник, 16 декември 2024

Барселона доби судска пресуда за данок од 23 милиони евра

Барселона доби судска пресуда за данок од 23 милиони евра

 

Мадрид, 9 февруари 2024 (МИА) – Шпанскиот суд му наложи денеска на фудбалскиот клуб Барселона да плати 23 милиони евра даночна корекција на сумите исплатени на фудбалски менаџери во периодот од 2012 до 2015 година.

Советот за управни спорови на Националниот суд со тоа ја потврди пресудата која Централниот економски и административен суд (TEAC) ја изрече во јуни 2020 година, на која каталонскиот клуб веќе вложи жалба.

TEAC пресуди дека менаџерите им „пружаат услуги на фудбалерите, а не на клубот, и оти овие износи имаат карактер на приход од работни односи и подлежат на оданочување во моментот на исплата“. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан