• сабота, 06 декември 2025

Барселона го обнови интересот за Бернардески

Барселона го обнови интересот за Бернардески
Барселона, 11 април 2020 (МИА) – Фудбалерот на Јувентус, Федерико Бернардески може да ја продолжи кариерата во Барселона. Каталонскиот клуб го обнови интересот за 26-годишниот Италијанец. Во зима, Јувентус и Барса преговараа за размената на Бернардески со Ракитиќ. Претходно се дозна дека Бернардески може да го напушти Јувентус поради трансферот на 19-годишниот крилен играч Дејан Кулушевски од Парма. Договорот на Италијанецот со Јувентус се пресметува до јуни 2022 година. зс/

Остани поврзан