• понеделник, 23 декември 2024

Барнс го поддржа Ембид во конфликтот со новинар: Понекогаш насилството е одговорот

Барнс го поддржа Ембид во конфликтот со новинар: Понекогаш насилството е одговорот

Вашингтон, 4 ноември 2024 (МИА) - Поранешниот кошаркар на Голден Стејт вориорс, Мет Барнс му даде поддршка на играчот на Филаделфија, Џоел Ембид во неговиот конфликт со новинар.

На социјалните мрежи Барнс објави со своја претходна реплика: „Насилството никогаш не треба да биде одговор, но понекогаш сè уште е. Понекогаш е така 🤷‍♂️“, напиша поранешниот кошаркар.

Ѕвездата на Сиксерс, пред два дена физички нападнал новинар по поразот од Мемфис. Инцидентот се случил во Филаделфија кога Ембид и новинарот Маркус Хејс поради напишан текст најпрвин влегле во вербален конфликт, а потоа кошаркарот го турнал.

НБА отвори истрага за инцидентот. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан