• понеделник, 23 декември 2024

Баркли: Портланд ќе ги елиминираат Лејкерси

Баркли: Портланд ќе ги елиминираат Лејкерси
Орландо, 17 јули 2020 (МИА) - Легендата на НБА, Чарлс Баркли, ќе навива за Портланд Трејлблејзерс при рестартирањето на сезоната во Лигата. Сер Чарлс дури и се осмели да предвиди дека Демијан Лилард и компанија ќе го елиминираат лидерот Лос Анџелес Лејкерс, ако го заземат последното, осмо место во Западната конференција. Пред еден месец, поранешниот играч на Филаделфија, Феникс и Хјустон го прогласи Портланд за „тивок фаворит“ за трофејот, а неговите аргументи на оваа тема беа потенцијалното враќање на високите Јусуф Нуркиќ и Зак Колинс, и дека тимот ја има втората најдобра бековска двојка во лицето на Лилард и Си Џеј МекКалум. Екипата од Орегон е еден од шесте клубови кои се натпреваруваат за последното плеј-оф место на конференцијата, заедно со Мемфис, Њу Орлеанс, Сакраменто, Сан Антонио и Феникс. Изборот на селекторот Тери Стотс е 3,5 победи зад „гризлиите“, а ќе бидат на располагање 8 натпревари за да се добие правото на место во плеј-офот.

Тагови

Остани поврзан