Баркли: Ако Лејкерс ја освојат титулата, тоа ќе биде заради Дејвис
- Според 57-годишниот аналитичар, Лејкерс треба да се потпира целосно на Ентони Дејвис за овогодишниот плеј-оф, а исто така додаде дека Леброн Џејмс веќе е „стар“ и не може да биде лидер на тим
Орландо, 29 јули 2020 (МИА) - Легендата во НБА, Чарлс Баркли уште еднаш навести дека не е целосно сигурен во можностите на Леброн Џејмс и Лос Анџелес Лејкерс.
Според 57-годишниот аналитичар, Лејкерс треба да се потпира целосно на Ентони Дејвис за овогодишниот плеј-оф, а исто така додаде дека Леброн Џејмс веќе е „стар“ и не може да биде лидер на тимот.
- Ми се допаѓа Леброн, но се ќе се сведе на Ентони Дејвис. Никој во НБА не може да го надигра Дејвис. Мислам дека тој ќе биде тој што ќе диктира дали Лејкерс ќе ја освојат титулата или не, смета Баркли.
Потсетуваме дека пред неколку дена Баркли изјави дека Портланд може да ги изненади и да ги елиминира Лејкерс, доколку двата тима се сретнат во првото коло од плеј-офот.
.@ColinCowherd: I don't think the Lakers are a championship team in this bubble. Do you?
— Herd w/Colin Cowherd (@TheHerd) July 28, 2020
Charles Barkley: I do... Nobody in the NBA can matchup with Anthony Davis. He's going to be the guy who dictates whether the Lakers win the championship or not pic.twitter.com/aTirslGZdw