Барди стрелец во победата на својата екипа Коњаспор
- Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Енис Барди постигна гол за својата екипа Коњаспор во 3.коло од Купот на Турција
Коња, 5.февруари 2026 (МИА) – Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Енис Барди постигна гол за својата екипа Коњаспор во 3.коло од Купот на Турција. Неговата екипа избори убедлива победа од 5:0 против Алиага.
Барди беше стрелец на четвртиот гол за својот тим во 81.минута, откако претходно на полувреме влезе од клупата за резервни играчи.
Коњаспор ја оправда фаворитската улога на дуелот, а ова беше прв гол за македонскиот репрезентативец во 2026 година. мн/
Фото: