• понеделник, 16 декември 2024

„Банката на Америка“ од наредната година ќе издава само картички од рециклирана пластика

„Банката на Америка“ од наредната година ќе издава само картички од рециклирана пластика
Њујорк, 21 април 2022 (МИА) – Мултинационалната инвестициска „Банка на Америка“ денеска најави дека од наредната година почнува со замена на сите кредитни и дебитни картички за нови изработени од најмалку 80 проценти рециклирана пластика. Тоа е првата поголема банка во САД што најави таков потег за целото свое портфолио на дебитни и кредитни картички. „Тоа ќе помогне за намалување на негативното влијание на пластиката врз животната средина и како поддршка на напорите на компанијата да спроведува одржливи решенија преку ниска емисија на јаглеродни гасови“, се наведува во соопштението на холдингот. Минатата година „Банката на Америка“ постави цел нула емисија јагледорни гасови до 2050 година за сите нејзини активности. „Банката на Америка“ издава 54 милиони потрошувачки и комерцијални картички годишно, така што најавениот потег се очекува да значи 235 тони помалку отпад од пластика за еднократна употреба. Компанијата исто така предвидува дека преориентирањето кон рециклирана пластика за нејзиното портфолио кредитни и дебитни картички ќе придонесе за намалување на емисиите гасови што предизвикуваат ефект на стаклена градина, како и на потрошувачката на енергија и вода. „Банката на Америка“ од 2019 година за свои клиенти нуди и дебитни картички. аб/

Остани поврзан