• четврток, 26 декември 2024

Балтичките држави протераа вкупно 10 руски дипломати

Балтичките држави протераа вкупно 10 руски дипломати
Рига, 18 март 2022 (МИА)  - Естонија, Летонија и Литванија протераа 10 руски дипломати, соопштија денеска министрите за надворешни работи на трите балтички земји. Литванија протера четворица, а Летонија и Естонија по тројца руски дипломати. Дипломатите беа протерани во координиран потег, поради активности што се спротивни на нивниот дипломатски статус, но и земајќи ја предвид руската агресија врз Украина, објави на Твитер летонскиот министер за надворешни работи Едгарс Ринкевикс. Естонското Министерство за надворешни работи соопшти дека протерани  тројца дипломати затоа што „директно и активно ја поткопувале естонската безбедност и ширеле пропаганда, според која е оправдана руската воена акција“, соопшти Министерството за надворешни работи во Талин. Литванија наведе дека протерувањата биле извршени како знак на солидарност со Украина. ми/

Остани поврзан