• сабота, 21 септември 2024

Балотели: Добив неколку понуди од странски клубови, но сакам да се вратам во Италија

Балотели: Добив неколку понуди од странски клубови, но сакам да се вратам во Италија

Рим, 21 септември 2024 (МИА) - Поранешниот напаѓач на Италија, Марио Балотели го сподели своето мислење за продолжувањето на кариерата.

- Сакам да се вратам да играм во Серија А. Добив неколку понуди од странски клубови, но одбив затоа што сакам да се вратам во Италија, изјави Балотели за „DAZN“.

Балотели во моментов е слободен агент. Во сезоната 2023/24 напаѓачот настапуваше за турскиот клуб Адана Демирспор каде на 16 натпревари постигна седум гола и беше творец на една асистенција. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан