• вторник, 01 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Балотели ги договорил сите услови од договорот со Џенова

Балотели ги договорил сите услови од договорот со Џенова

Џенова, 26 октомври 2024 (МИА) - Италијанскиот напаѓач Марио Балотели ќе стане играч на Џенова.

Според инсајдерот Фабрицио Романо, постигнат е договор меѓу страните за потпишување на договор со 34-годишниот фудбалер до јуни 2025 година. 

Балотели доаѓа во тимот како слободен играч со намалена плата.

Последен клуб во кариерата на фудбалерот беше турскиот Адана Демирспор, кој го напушти минатото лето по истекот на договорот. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан