• среда, 25 декември 2024

Балерините од Arabesque на прием кај штипскиот градоначалник

Балерините од Arabesque на прием кај штипскиот градоначалник

Штип, 31 мај 2024 (МИА) - Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов денеска ги прими дел од дечињата од центарот за балетска уметност Arabesque.  Поводот за денешната посета беше успехот кој го постигнаа  на интернационалниот натпревар Dance Now International-Paris, се вели во писменото соопштение од кабинетот на градоначалникот на Општина Штип.

-Mладите таленти под менторство на Елизабет Колевска ги постигнаа следните успеси : Лина Панева второ и шесто место- модерен и класичен балет, special prize 100% free fee за Dance Now International Egypt, Вања Кочубова и Соња Коцева прво место-дуо класичен, Матеа Шеќеринова прво и четврто место- 2 класични сола ,special price 100% free fee за Dance Now international Vienna, Mија Митрова второ место- класичен балет, Леона Пуздерлиска трето место- класичен балет, Клара Бојаџиева второ место- класичен балет, Лана Ѓошева трето место- отворена категорија, се наведува во соопштението од кабинетот на штипскиот градоначалник.

Во него се посочува дека локалната самоуправа на чело со градоначалникот Јорданов, секогаш ќе дава поддршка на  младите таленти, кои преку своите успеси го афирмираат градот и се негови амбасадори. вдј/

Фото: Општина Штип

Остани поврзан