• недела, 15 декември 2024

Баковиќ повеќе не е член на МЗТ Скопје

Баковиќ повеќе не е член на МЗТ Скопје

Скопје, 9 декември 2024 (МИА) – Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје во продолжение од сезоната нема да може да смета на услугите на Марко Баковиќ.

Баковиќ во МЗТ Скопје дојде пред година и пол од Цибона и беше еден од најзаслужните за двојната круна.

- Марко Баковиќ повеќе не е кошаркар на МЗТ Скопје, откако денес спогодбено го раскинавме договорот со него. Со среќа во понатамошната кариера! – стои во објавата на тимот од Аеродром.

На МЗТ Скопје сезонава не му оди според очекувањата. Тимот предводен од тренерот Васко Атанасов не успеа да ја помине групната фаза во АБА 2, а во домашното првенство во саботата го доживеа третиот пораз. зс/

Фото: МЗТ

Остани поврзан